Мени

Дома Производи
Температура и влага

За многу бизниси следењето на температурата и влагата низ животниот век на производот или низ разните фази на производство и испорака се неопходни. Со користење на нашиот систем, овие бизниси ќе можат да им понудат на клиентите поквалитетна роба без да зголемат трошоци.

Категории на употреба:

· Безбедност на храна


· Здравство


· Фармација


· Индустрија


· Научно истражувачка дејност

 
Сензори

iButton сензорите работат во секакви средини и можат да бидат репрограмирани и користени многу години. Тие имаат ниски оперативни трошоци за сите температурни и околински мерења.

Сензорите ги среќаваме во три форми:

· Дигитален термомер (без меморија)

· Термохрон

· Хигрохрон

Повеќе...  [Сензори]
 
Термогал

График на температура и влага

Термогал е софтвер за отчитување и анализа на податоците од системот за мерење на тепература и влага. Наменет е за систем за мерење на температура каде сензорите се мобилни. Софтверот е од наша изработка па можни се промени по потреба на корисникот. Со софтверот корисникот може да:

· Зададе мисија на мерниот сензор (почеток на мерење, интервал на мерење итн.)
· Отчита податоци од сензорот и истите да ги запише во база  
· Исцрта дијаграми од мерењата
· Испечати извештаи од мерењата

Повеќе...  [Термогал]
 
Термомер

График за температура

Термомер е софтвер за активно следење и запишување на податоци од сензори за температура. Наменет е за систем за мерење на температура каде сензорите се фиксни. Софтверот е од наша изработка па можни се промени по потреба на корисникот. Со софтверот корисникот може да:

· Ја гледа моменталната состојба на сензорите;
· ги гледа записите на температура во зависност од времето
· Исцрта дијаграми од мерењата
· Испечати извештаи од мерењата

Повеќе...  [Термомер]