Мени

Сензори

iButton сензорите работат во секакви средини и можат да бидат репрограмирани и користени многу години. Тие имаат ниски оперативни трошоци за сите температурни и околински мерења.

Сензорите ги среќаваме во три форми:

· Дигитален термомер (без меморија)

· Термохрон

· Хигрохрон

Дигитален термомер

Дс1920 е дигиталеен термомер кој ја отчитува температурата на околината или на предметот за кој е прикачен. Со едноставно допирање на сондата таа ја открива околинската температура мерена во граници од -55 до +100 °C. Податоците се одчитуваат директно во софтверот кој е од наша изработка. Можно е вмрежнување на бесконечен број на сензори и нивно симултано отчитување.

Термохрон

Термохрон се подвижни сензори кои можат да ги следат продуктите кои се осетливи на промена на температура каде и да одат. Малите и издржливи сензори ги мерат времето и температурите, а потоа ги зачувуваат податоците во внатрешна меморија. Податоците можат лесно да бидат превземени и анализирани за да се одредат температурните промени или евентуално топлинско оштетување на производот.

Хигрохрон

Хигрохон сензорите имаат вклучено и дополнителен сензор за влага. Тие ги мерат температурата и влагата во функицја од времето. За апликации каде се потребни мерења на температура и влага(работа со храна, хемикалии, HVAC системи), хигрохон доставува ненадминливи перформанси во многу компактен и лесно пренослив пакет.

Модел Опсег Прецизност Резолуција Меморија Интервал
DS1920 -55°C до +100°C ± 1°C 0.125°C
DS1921G -40°C до +85°C ± 1°C: -30°C до +70°C
± 1.3°C надвор од опсегот
0.5°C 2048 1 до 255 мин
DS1921H 15°C до +46°C ± 1°C 0.125°C 2048 1 до 255 мин
DS1921Z -5°C до +26°C ± 1°C 0.125°C 2048 1 до 255 мин
DS1922E 15°C до +140°C ±1.5°C: +110°C до +140°C
±7°C : +15°C до +110°C
0.5°C - 8 bit
0.0625°C - 16 bit
8192 - 8 bit
4096 - 16 bit
1 сек до 273 часа
DS1922L -40°C до +85°C ± 0.5°C: -10°C до +65°C 0.5°C - 8 bit
0.0625°C - 16 bit
8192 - 8 bit
4096 - 16 bit
1 сек до 273 часа
DS1922T 0°C до +125°C ± 0.5°C: +20°C до +75°C 0.5°C - 8 bit
0.0625°C - 16 bit
8192 - 8 bit
4096 - 16 bit
1 сек до 273 часа
DS1923

-20°C до +85°C
0 до 100% RH

± 0.5°C: -10°C до +65°C 0.5°C - 8 bit
0.0625°C - 16 bit
8192 - 8 bit
4096 - 16 bit
1 сек до 273 часа