Мени

Клучеви

Оперирањето може да биде со:

· iButton клучеви

· Бесконтактни картички

· Биометриски скенери.

Безконтактни картички:

Безконтактните картички работат низ неметални предмети, што овозможува картичката да биде користена додека е во паричник или ташна.
Бидејќи нема физички контакт меѓу картичката и читачот, и двете нема да се трошат при континуирано користење (за разлика од магнетните и чип картичките). Ова исто носи предност што читачите на картичките не можат да бидат оштетени од прашина на работната околина. Пасивната електроника на картичките овозможува нивна работа без батерии и овозможува долг живот.
На картичките може да биде отпечатено вашето лого или информациите на сопственикот на картичката.

 


iButton:

iButton е компјутерски чип затворен во 16мм челична кутија. Поради таа издржлива кутија iButton е отпорен на падови, гребаници и други механички оштетувања, а производителот дава 10 годишна гаранција. iButton е доволно мал за да се закачи на привезок од клучеци, прстен, рачен часовник и други лични предмети.

 

 

 

 

Биометрички скенери:

Биометричките скенери претставуваат направи кои ги скенираат отпечатоците на корисниците и на основа на претходен податок дозволуваат или забрануваат пристап. При контрола на пристап со биометриски скенери нема потреба од дополнителни картички за вработените.